Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски ќе покрене постапка пред Државната антикорупциска комисија и другите органи против Дисциплинската комисија која во петокот реши да го казни поради обелоденувањето во јавноста на скандалот на тетовскиот универзитет каде незаконски се делеле научни звања и унапредувања на вработени чиј став им мирувал додека тие извршувале политички функции.Илиевски.

Инспекторот го чека и решението односно предлог за дисциплинската мерка која во петокот ја донесе дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Директорот Томе Спировски треба да одлучи дали и како ќе го казни Илиевски.
Тие одлуката ја донесоа по речиси четиричасовна расправа на која не присуствуваа новинарите бидејќи не им беше дозволено.

Во меѓувре,е Илиевски не запира: Тој денеска поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд, против Државниот универзитет во Тетово и ректорот Вулнет Амети, дознава „Факултети.мк“.

Тој претходно утври дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим, Нуиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски напредувале во наставно-научни звања.

SHARE