Интерпол нема да го гони Трамп

Интерпол одби да го разгледа барањето на Иран да се распише меѓународна потерница по претседателот на САД, Доналд Трамп, поради убиство на генералот Касем Сулејмани.

Внатрешните правила на Интерпол не овозможуваат да се задоволи барањето на судските власти на Иран, затоа што на организацијата ѝ е забрането да се „меша и да изведува акции од политички, воен, религиозен или расен карактер“.

SHARE