Интервју на Јани Бојаџи на Алфа: Во знак на протест „Ругање на Христос“ не оди на светски фестивали (ВИДЕО)

Авторот на филмот „Ругање на Христос“ кој деновиве беше обвинет од страна на премиерот Заев и министерот за култура Асаф Адеми дека ширел говор на омраза и погрешно ги прикажувал Албанците и членовите на УЧК, најави дека го повлекува филмот од неколку меѓународни филмски фестивали.

Повлекувањето се случува во знак на протест што македонската влада иако никој во неа нго го видел филмот веќе го осуди како штетен за меѓуетничките односи и најави дека подготувува законско решение со кое во иднина ќе ги контролира идеите што филмските работници ќе сакаат да ги филмуваат.

Извонредно интересно интервју на новинарот Горан Момироски со Бојаџи кој признава дека се плаши од заканите што ги добива и од „лиценцата за негово убиство“ издадена од македонската влада, но не се откажува од неговата мисија.