Иран издаде налог за апсење на Трамп!

Иран издаде налог за апсење Доналд Трамп и побара помош од Интерпол за притворањето на американскиот претседател и триесетина лица за кои верува дека го извршиле нападот со беспилотни летала во кој загина ирански генерал во Багдад, соопшти денеска локален обвинител.

Обвинителот на Техеран Али Алкасимехр изјави дека Трамп и повеќе од 30 други лица кои Иран ги обвинува за вмешаност нападот во јануари во кој беше убиерн генералот Касем Сулејмани во Багдад се соочуваат со обвиненија за убиство и тероризам, се наведува во државната новинска агенција ИРНА.

Алкасимер не наведе по име никој друг освен Трамп и изјави дека Иран ќе продолжи да го гони и по завршувањето на неговиот претседателски мандат.

Иран побара да биде издадена „црвена белешка“ за Трамп и другите, што претставува барање за апсење на највисоко ниво, издадено од Интерпол.

Трамп не е под опасност да биде уапсен, но ова покажува уште едно заострување на односите меѓу двете земји, јавува АП.

SHARE