Иран ќе егзекутира агенти на ЦИА?

Иранските власти објавија дека откриле шпионска мрежа  со која раководела  ЦИА и деканеколку лица се уапсени, пренесува Ројтерс.

17 шпиони на ЦИА биле идентификувани, а неколку од нив биле осудени на смрт.

Спутник објави дека во јуни еден од уапсените “шпиони” веќе бил егзекутиран.

Тоа е Џалал Хадз Звар, кој, наводно, соработувал со ЦИА и работел во иранското Министерство за одбрана.

Разузнавачките агенти на Техеран и од други земји биле вклучени во откривањето на тајните агенти на ЦИА.

Се очекува реакција од САД во услови кога односите меќу Вашингтон  и Тхеран се вжештени поради иранскиот нуклеарен договор, и инцидентите со соборнеи дронови и запленети танкери во Персискиот Залив.

SHARE