Иран призна: Украинскиот авион соборен по грешка

Иранските власти објавија дека украинскиот авион бил соборен „ненамерно“ со иранска ракета кусо по полетувањето од аеродромот во близина на Техеран.

Во официјалната изјава на иранските власти, цитирана од државната телевизија се истакнува дека причина за трагедијата е „човечки фактор“.

Причината за соборувањето на украинскиот авион е „човечка грешка“ направена за време на кризата околу „авантуризмот“ на Соединетите држави, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф.

Длабоко жалам, се извинувам, сочувство до иранскиот народ, до семејствата на сите жртви и до другите засегнати нации “, напиша Мохамед Зариф.

Премиерите на Канада и Велика Британија повикаа на целосна истрага за несреќата во која загинаа сите 176 лица.