Иринеј: Вартоломеј да не донесува еднострана одлука за МПЦ

Грешка би било доколку вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и Украина, бидејќи на тоа би му се спротивставил целиот православен свет“, изјавил на белградска „Политика“ епископот на СПЦ, Иринеј

„Цариградскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, а не прв без еднаквите. Затоа и, не дај Боже, да постои намера на сесветиот патријарх Вартоломеј за некаква еднострана и произволна пресуда во случајот на скопскиот и украинскиот раскол, тоа ќе биде израз на голема заблуда, голема духовна грешка и од аспект на поредокот на православната црква и канонските закони, целосно ништавно, изјави владиката бачки Иринеј за „Политика “.

Иринеј изјави дека се надевал дека тоа нема да се случи.