Катица Јанева нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто и по речиси години колку што е на чело на СЈО.

Единствената промена во имотната состојба која ја пријавила во Антикорупциската комисија била минатиот месец кога пријавила промена на имотот на децата, односно дека е половно Ауди А6 Кватро, произведено во 2005 година и вредност од 6.000 евра, дознава ИРЛ.

Јанев во 2014 и 2015 година подигнала три кредити во износ од 118.000 евра со период на враќање од 15 до 20 години. Јанева нема стан во Скопје.

На неколку сметки во банка има вкупно 107.000 евра. Има куќа во Гевгелија, земјоделско земјиште во село Мрзенци, плац во село Конско, стар Ровер и Голф 4 и плата од околу 3.000 евра во СЈО.

Нејзиниот син и ќерка, поседуваат два стана во Скопје во вкупна вредност од 160.000 евра кои ги добиле на подарок пред Јанева да биде избрана за специјална обвинителка.

SHARE