Исчезна 27-годишната Драгана од Скопје, семејството бара помош

Драгана има 27 години, кафена коса, зелени очи. Облечена е во пругаста блузичка, црни тренерки и сиви патики. Доколку некој ја види, семејството моли да го контактираат на телефоните 075 450 104 и 070 322 930.

Без пари, без лични документи и со мобилен телефон кој е исклучен, дваесет и седумгодишната Драгана Бошковска во петокот вечерта заминала од семејната сендвичарница во Влае каде работела и никој оттогаш не ја видел.
Девојката се води како исчезната и семејството е исклучително вознемирено зашто како што тврдат, не е класично ниту вообичаено за оваа млада жена да замине на подолг временски период без да се јави или без да ги исконтактира блиските. Бидејќи имала анксиозно депресивно растројство за кое примала терапија, по наглото прекинување на терапијата на своја рака, состојбата со нејзиното ментално здравје нагло се влошила, тврди сестрата.

Драгана работела во семејната сендвичарница во скопската населба Влае. На ист начин како што тоа го правела секој ден, по завршувањето на својата работна смена во 20 часот, излегла од сендвичарата. Но, наместо дома, се упатила во непознат правец и оттогаш и полицијата и семејството трагаат по неа.