,,Исчезна” Сашо Ордановски

Веќе 24 денови нема ни трага ни глас од провладиното перо „број 1“, Сашо Орданоски, пишува порталот лидер.мк.

“Познатиот коментатор и пропагандист исчезна од јавноста кога во медиуимите одекнаа фрапантните податоци кои ги изнесе адвокатот Александар Тортевски, кој обелoдени дека братот на Орданоски добил 350.000 евра од Фондот за иновации за фалсификат производ.

Орданоски упорно нема никаков коментар ниту за случајот „Рекет“, во кој газдата на медиумот во кој работи, „1ТВ“ е осомничен за рекетирање на бизнисмени”, пишува порталот.

Орданоски кој е политички советник на Катица Јанева веќе не се појавува ни на 1ТВ, а последната колумна за „Цивил“ ја објави на 28 јуни.

Во неа Ордановски кој за неверојатно кратко време доби серрификат за приатам до највисоки државни тајни најавува валкана есен без да претпостави дека уште во текот на летото владата која тој ја поддржува ќе се соочи со низа документирани скандали и афери.

SHARE