Искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак кој се случи за време на конфликтот во 2001.

Порталот Лидер, објави фотографии на кои  се гледа дека покажуваат дека малата спомен плоча како потсетник на масакрот од пред 18 години плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена.

На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи, потсетува „Лидер“.

SHARE