Шаторите на движењето „Mакедонија блокира“ од утрово ги нема од паркот пред Собранието.

Нефицијално шаторите биле отстранети во текот на ноќта од страна на полицијата, бидејќи, како што дознава „Телма“ не биле исполнети условите на протест да има присуство на најмалку 20 лица.

Движењето „Македонија блокира“ блокираше улици во централното градско подрачје по знак на протест против уставните измени.

Просторот во Жена парк денеска е исчистен, јавува Фокус.

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар