Од косовското Министерство за правда ги известиле македонските колеги дека  дека во моментот не е познато каде се наоѓа обвинетиот Африм Исмаиловиќ.

Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.

Сега пак ќе биде испратеена ургенција и ќе побараат од надлежните косовски власти да направат напори за пронаоѓање на Исмаиловиќ.

При посета на Скопје на 22 октомври, косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“ Африм Исмаиловиќ и Алил Демири ќе бидат екстрадирани во земјава откако ќе бидат завршени сите законски процедури на Косово.

SHARE