Исчезнатото дете од Тетово – пронајдено во Скопје!?

Шестодишното дете од Прилеп кое беше пријавено како исчезнато на 18-ти мај било пронајдено во Скопје, јави Секретаријатот за внатрешни работи од Тетово.

Случајот на 20 мај во СВР Тетово го пријави неговиот татко, 29-годишниот Е.М. откако детето „се изгубило два дена порано“ додека играло во забавниот парк на спортскиот центар во Тетово.

 Тројцата членови на семејството во мај времено дошле од Прилеп во Тетово каде работеле на собирање старо железо, пренесува Инфомакс

SHARE