Исекол решетки, но сепак не успеал да избега

По веста дека избагал затвореник од Албанија кој во затворот Идризово издржувал, стигна демант од директорот на Управата за извршување санкции.

Јовица Стојановски за ТВ24 ја деманираше таквата информација и изјави дека имало обид, но не и бегство од затворот, зашто затвореникот успеал да стигне само до покривот.

SHARE