Со ребалансот на буџетот кој помина минатиот четврток се одвојуваат 300.000 евра за исплата на заостанатите плати на службениците во згаснатото СЈО.

Иако овие пари четири месеци не постоеја во државната каса, Владата со уредба ги исплати, по што во ребалансот ги вметна како ставка за присилна наплата преку УЈП, јави Алсат М.

Инаку, уредбата за исплата на заостанатите плати беше поништена од Уставниот суд.

Од Министерството за правда исплатата на 18 милиони денари ја правдаат дека имале важечка владина уредба, иако не постоеше таква ставка во основниот буџет за оваа година.