Ист третман за Заев и Груевски од страна на Бејли (ВИДЕО)

Актуелниот премиер Заев и екс премиерот Груевски добија ист третман од страна на американскиот амбасадор во заминување Џес Бејли.

Запрашан кој му е омилен (favorite) премиер Заев или Груевски, Бејли свесно го избегнува прашањето и продолжува со други прашања и одговори.

Иако голем дел од јавноста очекуваше Бејли јавно да го поддржи Заев знаејќи дека тој беше голем критичар на начинот на кој владееше Груевски и ја поддржа опозицијата за уривање на ВМРО-ДПМНЕ, Бејли со премолчувањето на прашањето практично и Заев го стави во ист кош со Груевски.

Владини извори потегот на Бејли го сметаат за некоректен затоа што со неправење јасна дистинкција и еднаквиот третман на Заев со Груевски од страна на Бејли пораката до јавноста е дека за САД нема никаква разлика меѓу актуелниот и екс премиерот.

Прашањето до Бејли за Заев и Груевски е на 6та минута во видеото во кое тој одговара на 50 прашања за неговото амбасадорување во Македонија.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.