Исти барања и 1 минута молк на протестот во Белград

Протест на движењето „1 од 5 милиони“ се одржува вечерва во Белград под мотото „На исто место – исти барања„  и со едноминутен молк во чест на жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

На чело на колоната која прошета низ градот беа студентите кои беа уапсени за време на насилните демонстрации минатиот викенд, објави Танјуг.

Барањата остануваат:  оставката на државниот врв, на претседателот, на владата и на парламентот, на раководството на РТС и обезбедување на услови за фер избори во рок од шест до девет месеци.

Рокот за исполнување на овие барања е 13 април.