Источна Македонија бара Сугаревски да запре со лагите за автопатот

Граѓани на Штип, Кочани и други населени места во источна Македонија бараат министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски да запре со лагите за отворањето на автопатот кој води кон овој дел од земјата и да каже точно од кога ќе можат да се возат побрзо и побезбедно до дома.

Сугаревски во август најави дека автопатот Миладиновци – Штип ќе биде готов до септември а во октомври рече дека проектот што го почна предходната влада ќе биде готов до нова година.

Новата година дојде пред 3 дена а Сугаревски сега молчи за автопатот.

SHARE