Историчарите од Бугарија едногласни – Гоце Делчев и Илинденско востание се бугарски

Бугарските историчари на дебатата „Чиј е Гоце Делчев?!Уште за оценките на Илинден 1903., 115 години подоцна“ во Софија излегоа со единствен став дека тие им припаѓаат на бугарската историја.

Претседателот на Бугарија од 2002 до 2012 година, Георги Прванов, како автор на предговорот на документарниот зборник „Илинденско-преродбенското востание 1903 година низ погледот на европските дипломати“, порача дека „во Скопје не можат премногу долго да си го градат идентитетот врз лажна историја“. Според него, „како што Македонците покажаа разбирање за грчката историја, така треба да постапат и во однос на заедничкото минато со Бугарија“.

Според академик Георги Марков, неприфатливо е разбирањето во Скопје дека Илинденско востание е големо и може да се раздели на Илинденско за Македонија и Преродбенско за Бугарија.

Заменик-претседателот на заедничката комисија со Македонија за историски и образовни прашања, Наум Кајчев, ги обвини македонските колеги дека се обиделе да ја блокираат дебатата за Гоце Делчев, при што се покажало, како што вели, дека тие не се во состојба да дискутираат за него.

Дипломатот од кариера и бивш амбасадор на Бугарија во Хрватска и во Босна и Херцеговина, Љупчо Трохаров, смета дека бугарскиот проблем е во тоа што 1940 до 1970 година не се знаело што се случува во Југославија, а што во Македонија. Според него, македонизмот бил наметнат од Србите.

Историчарот Светлозар Елдаров од Институт за балканистика при Бугарска академија на науките (БАН), пак, нагласи дека „македонизмот како национално-политичка доктрина за изградба на македонската државност како нација, има целосно антибугарски карактер“.

Стојан Германов, научен секретар на Македонски научен институт, не верува во хепиенд на заедничката комисија, бидејќи во Македонија израснало поколение со табуирано самосознание.

SHARE

4 Коментари

  1. Dokolku nashite pATRIOTI ( od Jorgan Planina ) NE prekinat da jadat govna , sve polosho i polosho ke bide za NAS !!!

    • Evo resiv TOA da go napravam vo TVOETO najmilo zensko : S`lnce da zajdvit a JAS vo NEA da UMIRAM !!!

Comments are closed.