Историчарите тешко до договор за Гоце Делчев


Далеку е постигнувањето заеднички договор за историското значење на ликот и делото на Гоце Делчев и евентуалното заедничко чествување, сметаат копретседателите на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров и Драги Ѓорѓиев.

Главното прашење е дали двете страни ќе се усогласат дали тој бил Бугарин или Македонец,

 Ѓорѓиев вели дека Делчев е многу чувствителна тема:

„Не е работата на комисијата да каже. Ќе дискутираме. Ама ако оваа комисија продолжи да инсистира и да напише документ дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, решение нема да има. Ние не зборуваме за еден црно-бел свет во тоа време, тоа е испреплетено, сите случувања се по малку и хаотични“, рече Ѓорѓиев.  

Бугарскиот колега Димитров не се согласува со ваквиот став, зашто според него Гоце „кажал сам што е, кажало неговото семејство, неговите другари, соборци, учесници во борбата, луѓето…“, возврати Димитров.

На ова Ѓорѓиев вели дека „по таа аналогија ако сам кажал дека е Бугарин многу често го употребува наративот македонски народ и Македонци“.

Комисијата вчера и денеска по девети пат се сретнува, овој пат во Софија, но откако на претходната средба во Охрид за Гоце Делчев  не беше постигнат никаков напредок, но сега во Софија нема согласност ниту за средновековната историја во учебниците.