Историчарот и директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани смета дека поставувањето на ознаките на спомениците во Скопје, како дел од обврските од Преспанскиот договор, ќе ги подобри односите со соседите но ќе ги наруши односите во земјата затоа што се изобличуваат историските факти.

„Античка Македонија била во тракиско-илириски состав. Ова го сведочат многу историчари. Убеден сум дека многу брзо политикатаа на актуелната Влада ќе биде демантирана“ вели Асани за  ТВ21.

Тој вели дека со поставување на овие ознаки се сквернави историјата.

„Апелирам до Владата овие ознаки да се отстранат. Ова е историска измислица. Бегајќи од еден проблем се отвора друг проблем во државата“, вели Асани.