Истрагата за Груевски сè уште трае, но Спасовски знае кој не е виновен

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Лица“ на 1ТВ откри во кој правец се движи истрагата за бегството на експремиерот Никола Груевски.

Спасовски, кој во јавноста се лоцира како главен виновник за бегството на Груевски, смета дека МВР не е адресата каде што Јавното обвинителство ќе најде одговорност.

„Груевски не му побегна на МВР. Тоа е фактичка состојба. Јас не говорам за префрлување на топката, туку за овој случај да видиме каде ни е поразен тој систем, за да може понатаму преку законски механизми да не ни се случуваат вакви настани. Има многу прашања кои можам јас лично да ги поставам, но сакам да заврши до крај истрагата и јавното обвинителство да излезе и да каже зошто тоа се случи“, рече министерот и се надоврза дека тој, неговото семејство, но и соработниците постојано добиваат закани по животот.

„Секојдневно добивам закани по живот, но и закани за моето семејство и моите соработници. Ние поминавме тежок период, не само како семејство и како структура која влезе во МВР во период на ВМРО-ДПМНЕ на власт и во исто време да направиме се, да ги земеме сите материјали за да помогнеме на СЈО и да обезбедиме докази. Тука работевме сите заедно. Сите закани кои ни беа упатени, ни беа поголем мотив да истраеме во нашата битка“, изјави Спасовски во „Лица“.

Гостувањето на Спасовски и разговорот за многу теми за кои што претходно не говорел кај дел од јавноста се оценува како можна најава дека тој може да се вклучи во трката за претседател на Македонија ако Заев реши да не се кандидира за шеф на државата.

SHARE

2 Коментари

  1. ВМРО-ДПМНЕ одвратни лицемери. Го напаѓаат Спасовски за бегството на Гуревски, а се радуваат што Груевски избега.

    • Збориш за лицемерие!? Ги спомнува ли некој од вас двајцата монструми што ги убија децата на Смилковско Езеро, каде ви е третиот од убиството на Саздо, каде е оној што го упука во глава дечкото пред влез во зградата каде што живееше? Или беа убиени Макезонци па кој ги врти тие се за убивање а Груевски го осудивте затоа што ќе се возел во мерцедесот (според кажувањето на обвинителката немал имотна корист и не го оштетил буџетот на Р.М.) Има ли поголемо лицемерие.

Оставете Коментар