Италија ќе губи по 100 милијарди евра месечно

Економските загуби во Италија, по затворањењто на фабриките како мерка против ширењето на коронавирусот, може да изнесуваат околу 100 милијарди евра месечно, рече претседателот на Конфедерацијата на италијанската индустрија, Винченцо Боча.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вчера потпиша указ за суспендирање на производството што не е поврзано со обезбедување на основни производи и услуги за пошироката јавност. Според премиерот, властите „решиле да ја успорат работата на моторот на земјата без целосно да го исклучат“, пренесува БГНЕС.

Во земјата, 70% од производителите престанаа со работа.

„Оваа уредба го покренува прашањето за премин од економска вонредна ситуациоја кон воена економија“, рече Боча.

„Ако нашиот БДП претставува 1,8 трилиони евра годишно, тоа значи дека произведуваме 150 милијарди евра месечно. Ако затвориме 70% од производството, тоа значи дека на секои 30 дена ќе изгубиме 100 милијарди “, истакна Боча.

Италија е трета економска сила во еврозоната но го држи неславното прво место според бројот на случаи со коронавирус.