Италија со 25 милијарди евра ќе ја спасува економијата

Италијанската влада усвои пакет економска помош вредна 25 милијарди евра, во обид да ги ублажи негативните ефекти од епидемијата на корона врз економијата, објави ДПА.

Најмалку десет милијарди евра ќе влезат на пазарот на трудот за да им се помогне на претприемачите да исплатат плати на работниците кои не беа во можност да работат за време на кризата.

И јавното здравство ќе добие неколку милијарди евра помош.

За време на подготовката на финансискиот пакет, неколку пати се менуваше вкупната сума на пари, а премиерот Џузепе Конте рече дека ниту новиот пакет нема да биде доволен.

Италија, со скоро 2.000 смртни случаи, е земја која е најтешко погодена од коронарниот вирус во Европа.