Италијански мафијаши примале социјална помош

И тоа го има: Повеќе од 100 мафијаши, членови на калабријската мафија Ндрангета, побарале и добиле социјална помош наменета за најсиромашните Италијанци, кои сега ќе треба да ги вратат, објави италијанската полиција.

Месечната социјална помош изнесува 780 евра.

Меѓу 101-те мафијаши кои сега треба да вратат над половина милион евра, има и многу богати, блиски на „босовите“ на Ндрангета, кои имаат висока функција во организацијата, соопшти калабриската полиција.

Меѓу корисниците на таа помош е и Алесандро Панунзи, син на „италијанскиот Пабло Ескобар“, Роберт Панунзи.

„Италијанските и американските иследници го сметаат Роберт Панунзи за најважниот„ брокер“ со кокаин во светот.



SHARE