Итни консултации во Собранието, Ахмети, Џафери и Десковска ги “пеглаат” разликите

Во канцеларијата на спикерот на Собранието Талат Џафери пред десетина минути започнала средба на која се и лидерот на ДУИ Ахмети и министерката за правда Рената Дескоска.

Целта на средбата најверојатно е да се усогласат разликите во текстот на законот за обвинителство кој вчера бил усвоен од владата, а денеска во Собранието пристигнал изменет текст.

Лидерот на ДУИ попладнево изјави дека ако предлог закон е со изменета, поинаква содржина од онаа што владата веќе ја изгласала тогаш Ахмети нема да го поддржи.

Што е разликата од владиниот предлог и верзијата што денеска ја подготвила СДСМ засега останува непознато.

SHARE