Иванов доби две прекршочни пријави од Антикорипциска

Анткорупциската комисија одлучи да поднесе две прекршочни пријави против претседателот во заминување Ѓорге Иванов.

Првата е затоа што тој незаконски и во време на предизборие го унапредил старешината Васил Ѓурчиновски во мајор, а не побарал и не добил согласност од Министерство за одбрана за тоа.

Втората прекршочна пријава е затоа што Иванов го именувал бригадниот генерал Орце Јордев во заменик командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) и полковникот Бесник Емини во началник на Штаб во ЗОК, кога изборите веќе биле распишани.