Иванов го повика Заев да му покрене импичмент

„Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент“, повика денеска претседателот Ѓорѓе Иванов во пишаната изјава до медиумите.

Претседателот на овој начин одговори на премиерот Зоран Заев кој вчера во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија најави дека доколку Иванов  не го потпише договорот за името со Грција парламентарното мнозинство ќе побара негов импичмент.

Претседателот Иванов останува на ставот дека нема да го потпише договорот зашто е штетен.

SHARE

Comments are closed.