Долгогодишнииот новинар Зоран Иванов не гледа ништо негативно во промовирањето на брендот „Macedonia the Great“ од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, темпирано токму завчера кога на средба во Солун ги покани колегите Зоран Заев и Бојко Борисов.

„Со ‘Macedonia the Great’ Mмицотакис се излизга. Денес нема друга држава Македонија освен нашава Македонија, Северна ама Македонија, нека види во регистарот на ООН“ пишува Иванов поранешен советник во кабинетите на еден премиер и на еден македонски претседател.

Иванов е одушевен од кампањата:

„Треба да му платиме на човекот што ќе не реакламира по светот“, пишува Иванов кој, веројатно не се согласува со некои реакции па дури и по онаа на МНР дека грчката кампања ја поткопува довербата.

SHARE