Шефот на македонската држава, Ѓорѓе Иваов, денека од Софија ги отфрли критиките дека тој бил пречка за стабилноста во регионот со тоа што не дал поддршка на договорот Ципрас-Заев постигнат неделава.

„Секој претседател полага заклетва кога стапува во мандат…“ изјави денеска за бугарски медиуми македонскиот претседател. Тој вели дека се заколнал дека ќе го почитува Уставот.

„Не можам да прифатам акт што е во спротивност со законите на Република Македонија“.

Иванов рече дека договорот постигнат со Грција бил личен чин и дека „со него не се затвораат, туку се отвораат многу прашања и се создава многу голема неизвесност и несигурност како за Македонија, така и за регионот“, изјавил Иванов, како што пренесе агенцијата БГНЕС.

 

Претходно, бугрски медиуми јавија дека премиерот Бојко Борисов,(а по  наредба од премиерот) и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, одбиле средба со македонскиот премиер.

Причина, наводно, било одбивањето на иванов да даде поддшка на договорот Заев-Ципрас за идното име на Македонија.

SHARE

Comments are closed.