Иванов потпиша, амнестијата стапува во сила

Претседателот Ѓорѓе Иванов го потпишал Указот за прогласување на Законот за амнестија кој пред две дена беше изгласан во Собранието и денеска е објавен во „Службен весник“ на Република Македонија.

Како што е предвидено, во наредните пет дена обвинетите за настаните ода „27 април“ ќе можат доколку сакаат да поднесуваат барање за амнестија.

На поднесените барања, Судот и Обвинителството, исто така ќе треба да се одговорат во рок од пет дена.