Претседателот Ѓорге Иванов, в недела, 11 ноември, во Париз ќе учествува на свеченото одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Иванов, на прославата каде ќе допатуваат претседатели на држави или влади на над 60 држави од светот, ќе патува на покана на шефот на француската република, Емауел Макрон.

Претседателот ќе се обрати на еден од панелите на конференцијата насловена како Париски мировен форум.

Поканата има посебно значење, зашто со овој гест и Република Македонија се вбројува во редот на државите, кои ги почувствувала ужасите и страдањата на војната и на чија територија се протегал дел од познатиот солунски или македонски фронт, чие пробивање во август-септември 1918 година го забрзал процесот на завршување на Првата светска војна.

Официјално, Првата светска војна заврши во 11 часот, на 11 ден, од 11 месец во 1918 година.