Ивор Мицковски: Каков дрзок демагог е Шекеринска

Новинарот и поранешен функционер во СДСМ го коментира излагањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вчерашната трибина „Фер општество – шанса за сите“ во Битола.

„Шекеринска: ‘Сакаме да бидеме посиромашна Влада, парите да ги насочиме за побогати граѓани’. Историски највисок буџет прават, енормно се задолжуваат, за загадување оделуваат смешни пари, на патни трошоци фрлаат милиони, фураат непотизам к’о луди. Каков дрзок демагог е Шекеринска“, напиша Мицковски на својот профил на Твитер.

SHARE