Ивор Мицковски прашува дали и со новинарството не се претера?

Новинарот Ивор Мицкоски кој неодамна на барање а „Телма“ ја напушти редакцијата, реагира на актуелната ситуација на „ослободените“ медиуми во државата:

„Не дека сум лично засегнат, но веќе се јавува една сериозно опасна ситуација во македонските медиуми, мислам и пострашна од времето на Груевски. 
Мислам, да не се лажеме, сите режимски медиуми и телевизии си ги земавте под ваша капа. 
Не беше доволно, си отворивте што се вика и „ваша“ телевизија. Ене ја, рекетира отворено. Оние режимскиве барем напреднаа, они се финансираат од УСАИД. 
Сакам да кажам, во две недели да се избрка еден, и друг новинар да добие отворени закани од директор на телевизија, е малку премногу, не мислите?! 
Искрено, за атмосферата во медиумите и нивните постапки, дел од одговорноста има и власта, и дел од таа атмосфера директно паѓа врз нејзниното владеење и конто. 
Мислам дека е време барем да се огласите, кога веќе никако не не заштитувате“, советува Мицковски на Фејсбук

SHARE