ИВЗ до Владата: Не ја откажуваме молитвата за Бајрам!

Исламската верска заедница пред два дена испратила писмо до Владата, кое го објави денеска на својот профил на Фејсбук, во кое нагласува дека нема да ја откаже молитвата за Фитр Бајрам.

ИВЗ во писмото јасно става на знаење дека е против полициски час на 24 мај, додавајќи дека тој ден е и празникот Свети Кирил и Методиј.

Ставот на ИВЗ се коси со препораката од Комисијата за заразни болести претстојниот продолжен викенд да има полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 ч. поради зголемениот број новозаразени од Ковид-19. Според Комисијата, тоа се должи на непочитувањето на мерките за заштита, пред сè, со одржувањето семејни собири.

SHARE