ИВЗ има нов поглавар

Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, по оставката на Сулејман Реџепи кој речиси 3 децении беше поглавар на Исламската верска заедница.

Во своето обраќање пред седиштето на ИВЗ, новиот реис истакна дека Исламската верска заедница одиграла важна улога во образувањето на младата генерација, што е важно за обезбедувањето на мирот и стабилноста на ова поднебје.

Претходниот поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи вчера се огласи во јавност со соопштение, во кое се повлекува од фукцијата.

SHARE