ИВЗ: Ова е пуч од Зоран Заев! (ВИДЕО)

Членот на Исламсакта верска заедница, Муамер Весели денеска  истапи со остра реторика кон Владата и кон судството, ден по настаните во ИВЗ каде што со полиција имаше обид за смена на реисот Сулејман Реџепи.

Весели истакна дека документите со кои требало да биде сменет се фалсификат и одлуката на судот во крајна мера скандалозна.

Тој обвини дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи како и дека е фалсификувн потписот на актуелниот реис Сулејман Реџепи клој наводно поднел оставка на 25 март.

Во однос на записникот за одржана седница на Ријасетот на 30 март, Вејсели вели дека 7 од 15 членови воопшто не биле дел на  Ријасетот ниту пак вработени во ИВЗ.

„Решението на граѓанскиот суд не покажува ништо освен тоа до кое ниво е паднат правниот систем. Судијката Сузана Дончевска има донесено решение за смена на поглаварот на ИВЗ и именување  друг. Тоа го направила врз основа на фалсификувани документи. Толку наивна судијка, донела решение со фалсификати и тоа се гледа од Јупитер.

На оваа власт ѝ требаат вакви скандали за да ги покријат нивните скандали и незадоволството на граѓаните. Владата во име на една судијка изврши пуч во ИВЗ. Ова е пуч од Зоран Заев“, изјави Мухамед Вејсели од ИВЗ.

„Со оваа Влада може да има сѐ, но само судство не може да има. Покорумпирано судство од ова немало во историјата, од 1991 година па наваму. “, изјави Весели.

Тој го критикуваше и премиерот Зоран Заев и Министерството за внатрешни работ за последните случувања во ИВЗ.

„За исламската верска заедница, Зоран Заев е преогромно разочарување, и човек кој е ‘трчи-лажи’. Тој не може да ја претставува правната држава, да го спроведе Уставот и законите. Тој треба да се опамети. Подготвени сме да се соочиме со овој срам кој го направи Владата.

 ИВЗ од Зоран Заев ниту барал, ниту бара, ниту ќе бара некаква услуга“, истакна Весели.