Избори на 12 април

Премиерот Зоран заев вечерва соопшти дека на лидерската средба кај претседателопт Стево Пендаровски било договорено дека како најприфатлив датум за одржување на предвремените избори е 12 април.

„ Нашиот предлог беше 22 или 23 декември, за брзо време кога не се случува ништо раматично да си го кажеме нашиот збор, а на крај кога ќе ратификуваат сите 29 членки да си го кажеме нашиот збор и ние. Имаше реакции од присутните, особено од опозицијата. Потоа ги разгледувавме другите опции и утрдивме дека пред велигденксите празници, 12 април е датумот кој најмногу одговара. Постигнавме консензус.Нека ни е со срека на сите , на граѓаните, ние полтиичарите ќе ја водиме нашата земја“, рече премиерот Заев.

Датумот 12 април, дава можност за формирање на техничка влада 100 дена пред предвремените согласно Пржинскиот договор.

Според Заев, изборите ќе го поместат рокот за одржување на пописот на населението кој,. спортед него “може  да се  заврши во 2020 година по изборите“.