Избришана апликацијата на СДСМ за избори

Веднаш откако граѓанскиот штаб на кандидатката за претседателка Гордана Сиљановска Давкова откри дека СДСМ има спорна апликација за андроид телефони поставена на сервисот Гугл Плеј владеачката партија ја избриша истата.
Апликацијата „IZBORI 2019 KC SDSM“ која што ја користеле активистите на партијата на премиерот е избришана само половина час откако членот на тимот на професорката Сиљановска Горан Момироски откри документи кои индицираат дека СДСМ со помош на апликацијата прибирала и складирала лични податоци за граѓани.
Апликацијата која што до утрово беше активна на Гугл Плеј (Google play) сервисот за андрод апликации сеуштe се гледа на пребарувачот Google не веќе не може да се симне од Google Play.
Граѓанскиот штаб на професорката Сиљановска денеска од Јавното обвинителство , ДИК, МВР, ОБСЕ – ОДИХР побара да ја блокира апликацијата и да го одземе серверот каде што податоците од апликацијата се складирале.

SHARE

3 Коментари

Comments are closed.