Издадена потерница по убиецот на Мартин Нешковски


МВР ќе трага по Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски кој веќе една недела е во бегство, откако Судот во Штип во текот на вчерашниот ден издал наредба за спровод.

Од Судот во Штип за „Фокус“ појаснуваат дека вчера во 14 часот добиле известување од затворот „Идризово“ дека Спасов не се појавил во затворот откако во петокот му истекол условниот отпуст, даден поради здравствени причини.

Спасовски беше осуден на правосилна казна од 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски, што се случи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ за победата на парламентарните избори. Тој зад решетки беше ставен во јуни 2011 година.

SHARE