Грчката полиција соопшти дека пронашла тела на 11 лица за кои се верува дека се мигранти кои неодамна влегле од Турција, откако возилото со кое се превезувале се судри со камион и се запали.

Несреќата се случи вчера во близина на градот Кавала.

Грчките власти регистрираа зголемување на бројот на лица кои илегално ја преминуваат грчко-турската граница во последниве неколку месеци.