Со пригодна изложба, синоќа во Битола беа одбележани 30 години од од големиот подвиг на Димитар Илиевски-Мурато (1953- 1989), кој на 10 мај 1989 година, во 18 часот по локално време, стана првиот Македонец што се искачил на највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри).
За жал, Илиевски не успеа да се врати во базниот логор, оттаму и во Македонија, во родната Битола, и засекогаш остана на Хималаите.

Над 300 фотографии од планинарењето на Пелистер, фотографии од организацијата на маршот и искачувањето до врвот Пелистер, како и чествувањето на платото пред планинарскиот дом Копанки, беа поставени во битолската Магаза, во чест на нашиот сограѓанин Димитар Илиевски – Мурато, по повод 30 години (1989 – 2019) од освојувањето на Монт Еверест.

 „Македонија е една од ретките земји која може да се пофали со свој претставник во алпинизмот, кој успеал да се искачи на највисокиот врв на светот.