Израелска фирма може да го реши прислушувањето и “Таргет-Тврдина”

Израелска фирма која била посочена денеска во судот во случајот „Таргет-Тврдина“ може да расчисти голем број непознати детали во аферата за масовнотото прислушување и во судскиот процес поврзан со неа.

Екс шефот на УБК Сашо Мијалков кој е осомничен за прислушување денеска во Кривичниот суд во Скопје изјавил дека Израелци во УБК поднесле извештај според кој во Скопје се прислушувало со уреди кои не се од МВР, објавуваат повеќе извори.

Зошто МВР не ги спречило во нелегалните активности Мијалков на открил.

При презентацијата израелските експерти поставиле уред на прозорецот и отвориле три лаптопи преку кои се фаќале телефонските броеви кои разговарале во тој момент. Со таа опрема во живо можеле симултано да се прислушуваат до 30 луѓе.

На прашањето на Мијалков како Костовски може да гарантира дека некој друг на ваков начин нема извршено прислушување, Костовски одговорил дека при ваквото снимање квалитетот на едниот сигнал не бил добар, а разговорите кои се предадени во СЈО, според него, се со одличен квалитет и од двете страни.

Според Мијалков тоа не е точно а својот став го поткрепил со информација според која Израелците им презентирале авторизиран извештај дека на територијата на Скопје во тој момент работеле такви уреди за снимање кои не се од МВР.

“Вие рековте дека Горан Грујевски и Сашо Мијалков имале компјутер преку кој имале пристап до системот за следење на комуникации. Дали покрај исказот имате и материјален доказ? – го прашал Мијалков Костовски кој одговорил дека нема докази.

Мијалков подоцна поставил прашање зошто Костовски и Ѓорѓи Лазаревски ризикувале да снимаат разговори на ДВД во простории на МВР кога можеле материјалите да ги вадат на мемориски картички од во џеб и да ги копираат надвор од УБК на што сведокот рекол дека така се договориле со колегата.

Костовски изјавил дека тој не може да докаже дека разговорите на ДВД се снимени во МВР но дека тоа би можело да го кажат форензички лица.

Доколку некоја од странките во судењето реши да повика претставници на Израелската фирма и доколку таа ги потврди наводите на Мијалков а притоа се потврди дека разговорите на ДВД не се снимени во МВР тоа може да донесе нова светлина во аферата прислушување и случајот Таргет-Тврдина.

SHARE