Изум на македонски студенти, награден со злато во Сеул

Изум на шестмина студенти од Машински факултет при УКИМ во Скопје освои два златни медала на 12. меѓународна изложба на иновации „KIWIE 2019“, што се одржа во Сеул, Јужна Кореја.

Станува збор за изумот „филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ , дело на студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф. д-р Иле Мирчески и дипломираниот машински инженер Тошко Ристов.

„Пронајдокот е награден со Златен медал од страна на меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и со диплома за најдобар пронајдок од страна на Центарот на жени иноватори на Узбекистан“, објави Машински факултет.

SHARE