Извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан „во секој случај ќе бидат објавени пред инаугурацијата на новиот Европски Парламент“ изјави Јоханес Хан, јави МИА, но според еврокомесарот за проширување, тоа нема да се случи пред евро-изборите.

Хан вели дека целта е извештаите да бидат „темелно дискутирани“.

„Во тој поглед се обидуваме да ги отстраниме сите можни пречки што би можеле да ја отежнат објективната, неутралната дебата, да не биде засегната од ЕУ изборите. Размислуваме да биде подоцна од вообичаено за да овозможиме дебата за различните исходи за проширувањето, дебата базирана на факти“, изјави Хан.

Македонија и Албанија очекуваат оваа година земјите членки да одобрат датум за преговори со ЕУ.

SHARE

1 Коментар

  1. Нема ништо од ЕУ, а по раскинување на Преспанскиот договор ниту од НАТО! Мицков и Гога ќе раскинат договорот, па потоа ќе не исклучат од НАТО!

Comments are closed.