„СПЦ е непријателски настроена кон црногорската држава и нејзината прозападна ориентација, затоа Црногорската влада ја смета за закана за безбедноста“, е оценката на пан-европската организација „Европски совет за надворешни односи“ (ЕКФР), чии членки се „се Карл Билт и Хавиер Солана.

Во документот „Силата на перспективата: Зошто членството во ЕУ останува значајно во Западен Балкан“ се наведува дека потенцијално жариште на Балканот може да биде Српската православна црква во Црна Гора и во Косово.
Во извештајот се предупредува дека како резултат на слабеењето на влијанието на Европската унија, како последица може да се јави загрозување на безбедноста на Западен Балкан и иднината на Договорот од Преспа склучен од с. Македонија и Грција“, пренесе Спутник.
Се потсетува дека до спор меѓу Белград и Подгорица дојде откако Црна Гора ја призна независноста на Косово и откако црногорските власти им ги ограничија своите граѓани да имаат српско државјанство.

SHARE