Заврши вештачењето на телефонот на обвинителката Катица Јанева кој ѝ беше одземен минатиот понеделник и од кој требаше да се открие нејзината комуникација со осомничените во случајот „Рекет“.

„Вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, за да не се попречи водење на истражната постапка, Основното ЈО за гонење организиран криминал и корупција нема да сподели детали.

Вториот мобилен телефон, за кој синот наѝ Јанева рече дека бил изгубен во Белград, до овој момент не е пронајден..

Од Обвинителството немаат сознанија каде во моментов се наоѓа јавната обвинителка, што отвори шпекулации дека таа, по отворање на боледување во вторникот – се наоѓала во Гевгелија.

И покрај тоа Досега обвинителството нема преземено дејствија за повикување на јавната обвинителка, нема ниту преземени дејствија на следење или лоцирање.

„Обвинителството во моментов не може да сподели информација во врска со бројката на лица кои се обраќаат до јавното обвинителство и кои пријавуваат. Временскиот период од обелоденување на истрагата е кратко, поминаа само седум дена во кои континуирано  се обраќаат лица со цел да пријават кривично правни настани“, наведуваат од Јавното обвинителство.

SHARE