Агенцијата за млади и спорт за еден ден му исплатила 50 милиони денари на сметката на извршителот Дашмир Саити од Тетово.

На 10 септември се извршени осум трансакции од кои најголемите се 27,3 милиони и 22,13 милиони денари на име казнени камати.

Ова се случува во периодот кога актуелниот пратеник Дарко Каевски со одлука на Влада од 11 август повеќе не е директор на АМС, а за вршител на должност на оваа функција е запишан Измит Нура.

Според Фокус, ова е една од најголемите присилни наплати што ги направил една извршителска канцеларија кон одредена државна институција.

SHARE