„Ја излези Ѓурѓо“ трешти во автобусот на македонските ракометари (ВИДЕО)

Најдобрите македонски ракометари ситно бројат до стартот на Европското првенстбво и дуелот со Украина вечерва од 20:30 часот, а патриотскиот дух си го крепат со песната „Ја излези Ѓурѓо“.

Преработката од групата „Некст тајм“ е неофицијална химна на двократниот европски клупски првак Вардар, а трешти и во автобусот што ја превезува македонската репрезентација во Виена, за што сведочи видеото од профилот на „министерот за одбрана“ Борко Ристовски на Инстаграм, преземено на социјалните мрежи.

https://twitter.com/SledimeMK/status/1215600138074365952